сабота, 25 октомври 2008

МАКЕДОНИЈА ГАЗИ СЕ ПРЕД СЕБЕ!

Нашите најдобри каратисти продолжија со фантастичните резултати како загревање за Светското Првенство во Токио. На последниот турнир кои е во организација на КК „Металург„ - 27-ми меѓународен меморијален традиционален турнир „Грдановски Никола - Нике„ оние од кои најмногу се очекува во периодот кој следува заслужено меѓу носителите на медали.

(Генерации со кои Македонија наскоро ќе се гордее,ако правилно вложува во нивниот труд,
на сликата, од лево кон десно:
Ване Гонев
- државен шампион,
Никола Димитријевиќ
- македонската јуниорска надеж, трет на Балканот,
Иво Цветковски
- каратист од светска класа, втор во Европа и трет во Свет



Кај јуниорите, скоро очекувано, но во сениорска конкуренција двете повреди на Ферат Курбуличи и Огнен Груевски фрлија сенка на фанастичните победи. Гоце Петров во финалето (против Огнен кој ја заработи повредата) во категоријата-80 освои злато, Богдан Мицов во категоријата -65 исто така освои злато, Жарко Арсовски со злато во „најтешката„ категорија и Сашко Патраклиев во категоријата -70, зема злато.

И во репрезентативен меч, како завршница на турнирот Македонската репрезентација ја победи репрезентацијата на БиХ (светски вицешампион) со 3:2 и 3:1.

Уште една потврда за моќта на македонските каратисти .

Нема коментари: