сабота, 25 октомври 2008

КОЈ ЌЕ СЕ БОРИ ЗА МАКЕДОНСКОТО ИМЕ И ЗНАМЕ, ВО ТОКИО?

Е сега после ова очигледно дека следува „затишје пред бура„. Затишјето ќе биде одмор и исклучиво тренинзи пред последниот удар во Токио, каде Македонија би требала да стигне до голем успех.

Но, веќе започнаа и шпекулациите со кои секојдневно се соочуваат каратистите, посебно оние најдобрите, репрезентативците, потенцијалните кандидати кои би требало да настапат во македонското „кимоно„, за 15-тина дена.

Зашто реков „затишје пред бура„?

Во Токио се очекува прилично убаво време, но БУРАТА веќе се насетува од понеделник, кога се о
чекуваат и имињата на репрезентативците, после сите контролни турнири.

Меѓу каратистите и македонскиот потенцијал веќе почнаа да се споменуваат имињата на само четворица во борби-мажи и две во борби-жени. Што е со останатите кои напорно работеа целиов овој период и кои успешно ги поминуваа контролните тестови, а да не зборувам за оние кои во европски и светски рамки на различни натпревари, стигнаа до медали.... !?

(Дали сите што заслужија да ги бранат македонските бои во Токио ќе го почувствуваат светското на татами-те или ќе го гледаат од „трибини„ да не речам на телевизија?)


Дали додека две компании и два клуба (КК„Макпетрол„ и КК„Металург„, да не речам компаниите „Макпетрол„ и „Макстил„), издвојуваа пари за нивно усовршување во техничко-кондициона смисла, се беше во ред, а сега кога на ред е Федерацијата да го има последниот чекор (бидејќи станува збор за конкретна Фердацијска обврска) започнува бурата???

Дали Федерацијата има воља, знаење и финансии да води и унапредува вакви исклучителни таленти кои се докажуваат постојано во светски и европски рамки?

А тоа повлекува неколку прашања кои деновиве се очекува да бидат најжестока тема во овој спорт, со кој всушност Македонија би требало да се гордее, а тоа се:

Дали Македонија ќе настапи со својот најдобар состав?

Дали Федерацијата има чувство за да ја оцени моменталната ситуација и да ги прати најдобрите?

Дали ќе имаме тимски настап или само во поединечна конкуренција ?

Дали ќе го браниме златото во женски кати од универзитетско светско првенство во Полска од пред три месеци?

Дали ќе го браниме трето европско од Естонија, но само благодарение на тоа што нашата најдобра каратистка не живее во Македонија????

Ако не се задоволат сите овие прашања со единствениот правилен одговор и решение кое го заслужуваат сите што го сакаат спортот, дури тогаш Бурата може да прерасне во Ураган... За жал, веќе започнаа да дуваат чудни ветрови кои „мирисаат„ на ураган...

Нема коментари: