вторник, 21 октомври 2008

СТИПЕНДИИ ЗА НАЈДОБРИТЕ, НО ДАЛИ ЗАПОЧНУВА НОВ „РАЗГОВОР СО ПОВИСОКИ ТОНОВИ„ ?

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Драган Ѓурчевски, го направи чекорот кој е многу важен во овие мигови за македонскиот спорт. Кога се е паднато на најниски гранки, Македонија може да се пофали со дел од боречките спортови, посебно каратето, во високите европски, а се надевам, наскоро и светски рамки.

Доделените стипендии, за најдобрите каратисти, во изминатиот период, и уште новите 30 едногодишни стипендии кои наскоро ќе бидат објавени, треба да бидат стумул за сите
генерации кои допрва ќе доаѓаат.

(...Иво Цветковски и Бошко Заборски)

Иво Цветковски - спортист од светска категорија - карате-за освоено 3-то место во категоријата кумите до 70кг., на 5-то СП за јуниори и кадети, во Истанбул, Република Турција; Мартин Несторовски - спортист од светска категорија - карате-за освоено 3-то место на ЕП во дисциплината борби до 80кг., во Трст-Италија; Стефан Андов - спортист од меѓународна категорија - карате-за освоено 5-то место на ЕП во дисциплината борби до 65кг., во Трст-Италија; Марија Гудеска - спортист од меѓународна категорија - карате-за освоено 5-то место на ЕП во дисциплината кати индивидуално, во Трст-Италија; Ардита Исени - спортист од светска категорија - карате-за освоено 3-то место на ЕП за сениори во дисциплината кумите, во категорија до 60кг., во Талин-Естонија; Покрај нив, еднократен паричен надоместок ќе добијат и нивните тренери: Мирче Јанушевски и Димче Савовски - тренер и селектор на Македонската карате репрезентација, за учество и пласман на македонската карате репрезентација на ЕП, во Трст-Италија; Кирче Патраклиев, Димче Савовски и Златко Димовски - тренер и селектор на Македонската карате репрезентација, за учество и пласман на македонската карате репрезентација на ЕП, во Трст-Италија; Неат Шефкети и Бошко Заборски - тренер и селектор на Македонската карате репрезентација, за учество и пласман на македонската карате репрезентација на ЕП за сениори, во Талин-Естонија.

Ова се нашите надежи за иднината на македонското карате.
Сепак, наскоро се очекува дека ќе бидат објавени и имињата на оние млади каратисти, во кои Македонија ќе треба допрва да вложува. Агенција за спорт и млади, го стори она кое од неа се очекуваше. На ред е сега Федерацијата која треба да ги понуди имињата на младите каратисти за кои ова е неприкосновен стимул.
(Хамбург Опен 2008)

Но, како стојат работите, тоа очигледно допрва ќе биде тема на „повисоки тонови„. Дали и оваа Федерација може да го има истиот проблем како и сите останати во нашата држава во кои кога ќе се вмешаат финансиите, почнува војната. Се надевам дека нема, но сепак да почекаме....

Нема коментари: