четврток, 16 октомври 2008

ОСНОВА ЗА СИТЕ СПОРТОВИ...

Од денес ја стартувам и оваа страна која ќе биде посветена на се она што е интересно и атрактивно за еден од најстарите спортови... Од денешен аспект, многу ми е криво што не сум го тренирал овој спорт од мали нозе, ама не верувам дека би се откажал од негово следење, во целосна смисла... философија, движење, начин на живот, спорт, рекреација со максимална посветеност и љубов.

Можеби на моменти чудна релација, но ако секој го прочита овој пост, малку размисли и отвори пред себе тема, (што пре
тставува каратето?) тогаш набргу ќе стигне до единствената насока - ова треба да биде спорт, како база за сите останати.

Хармонија меѓу мислите и движењето, рамнотежа на вољата и силата, координација на умот и телото, спој на интелектот и снагата, здраво тело и ментална хигиена - тоа е каратето.

Ако направите само мала хипотетичка ситуација дека овој спорт е задолжителен на часовите по физичко воспитување, во основното образование, замислете какви спортисти тогаш би се развиле од потенцијалните деца, во фудбалот, коша
рката, ракометот, итн...

Спортисти, кои уште од мали нозе ја запознале философијата на максималното концентрирање, координирање на менталниот развој и физичката сила во ултимативните граници на експлозивноста на адреналинот, прецизно и екстремно брзо остварување на целта, носење на одлуки во дел од секундата врз база на доготрајна анализа (која
се мери во некогаш една или две минути)... Запознавањето со мудроста на овој спорт, која е корисна во сите елементи од останатите спортови и кои денес важат за најатрактивни и планетарно популарни спортови, би било најголема придобивка за еден спортист.
А се би започнало со само еден час неделно, но од мали нозе, да не речам од прво одделение. Карате.

Со првиот текст, кој се создаде во Хамбу
рг и Истанбул, патувајќи со најдобрите каратисти во Македонија, отварам ново поглавје, кое има една цел: сите кои сеуште ја немаат сфатено суштината на овој спорт, со овој мал удел (кој имам намера да го движам повисоко и пошироко), што побргу да го почувствуваат и да ја променат стереотипната слика која се создала, не по нивна вина...

Теми, муабети, конфликти, разговори, ставови, мислења и секакви други нет презентации ќе бидат содржина...

П.С.

„Ако до вчера мислевте дека овој спорт е груб спорт, а девојките изгледаат како мажи, време е да го промените мислењето... Ова е само дел од македонската карате репрезентација. А да не споменувам, дека и дефинитивно Карате-то може да се пофали (во светски рамки), како спорт со најубави жени...од сите аспекти...„

Нема коментари: