четврток, 16 октомври 2008

МАКЕДОНСКИТЕ КАРАТИСТИ ПОДГОТВЕНИ ЗА ОСВОЈУВАЊЕ И НА ТОКИО!

Западна Европа во Хамбург го запозна македонското "ЏАКО", а Источна Европа и дел од остатокот на светот, во Истанбул беа под постојана пресија на македонското "МАВАШИ". Време е да се покори и татковината на овој спорт, од нашите карате борци.

Македонската Карате Федерација ја заврши викендов втората фаза од подготвителниот филтер пред Светското Првенство, што ќе се одржи на средината од наредниот месец, во Токио, Јапонија – татковината на овој спорт. Во комплетен состав, со потенцијалните каратисти од сите клубови кои настапуваат во македонската Карате Лига, Истанбул Опен 2008 ја потврди очекуваната форма пред најголемиот светски настан во овој спорт.

Хамбург Опен 08„ беше дефинирање на формата која во Истанбул го зема почетниот чекор кон зенитот кој го очекуваме сите. Токио, во ноември, треба да биде конечната слика од целиот циклус подготовки. Во конкуренција на 150 земји од целата планета, Македонија конечно има нова шанса да покаже дека има врвни спортисти со максимална дисциплина соодветно градена технички и ментално.

Токму тоа беше презентирано на Истанбул Опен 08, кој важи за еден од најсилните, веднаш по Париз и Хамбург, и по квалитет и по масовност, а препознатлив по највисокиот паричен награден фонд, кој оваа година 85.000 долари.

11 медали, влеваат дополонителна надеж дека формата ќе кулминира на Светското Првенство во Токио.

1. Жарко Арсовски, сениори, + 80 (Макпетрол), златен медал + 3000 долари

2. Богдан Мисов, -65 (Макпетрол), бронзен медал + 750 долари

3. Бојан Јовановски, кадет - 70 (Металург), златен медал

4. Крсте Мишев, кадет - 70 (Металург), бронзен медал

5. Мартин Петрески, кадет – 70 (Спорт 94Прилеп), бронзен медал

6. Филип Ѓурчиновски, кадет – 63 (Металург), бронзен медал

7. Симона Заборска, кадет - 47 (Макпетрол), бронзен медал

8. Кристина Крстевска, кадет -54 (Макпетрол), бронзен медал

9. Марија Матракоска, кадет, кати (Ронин Прилеп), сребрен медал

10. Ивана Ангелевска, јуниор, кати (Металург), бронзен медал

11. Зорица Спирковска, јуниор, кати (Ронин Прилеп), златен медал


Хамбург ја постави целта, Истанбул ја дефинираше, а Токио треба да биде верификација на макотрпната работа на целиот УО на Карате Федерацијата, како и сите селектори кои континуирано изминатиот период вложуваа сили и знаење во македонската карате надеж.

Останува уште неполн месец за последниот исчекор во овој циклус.

Светското карате, после ваквите успеси, мора да биде запознаено и со македонската сила и издрзливост.


Време е за уште еден нов бренд на светската карате сцена –

"Македонското Маваши".

Нема коментари: