сабота, 18 јули 2009

НАТАША ИЛИЕВСКА „МИС МАВАШИ„ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КОРДОБА!



Најдобрата македонска каратистка, Наташа Илиевска како низ шега но и со многу вистина, веќе се прераскажува низ гостите и учесниците на 4-тото Европско Универзитетско Првенство како „мис маваши„ , благодарение на нејзината претстава на врвно, атрактивно и спектакуларно карате во финалниот натпревар.

Финалниот натпревар против домашната репрезентативка Амадор, беше борба во која Наташа на ова првенство се претстави со разновидност од прецизни удари, формирани во акции од кои противничката не можеше воопшто да дојде ниту „до здив„ . 8:0 пред истекот на последните 50 секунди од борбата, кажуваат се. Тоа беше пример каков ретко се гледа на татамите, а посебно не во финале. Ако претходните натпревари изобилуваа со повеќе тактика и помалку акции, Наташа Илиевска како да сакаше во Шпанија да покаже зошто и пред неколку месеци во Хрватска дојде до истата скала, но за влакно и избега таму златниот медал. Овојпат тоа беше надминато. Без калкулации, со исклучително активна и агресивна борба стигна до најголемиот историски успех за каратето во Македонија. Наташа Илиевска – пост дипломец на електротехничкиот факултет во Скопје, поставува веќе нови норми во македонскиот индивидуален спорт.

После Европското сребро, сега Европското Универзитетско злато се доказ за квалитетот кој допрва очекуваме дека ќе се вивне и во светски рамки.

Нема коментари: