сабота, 18 јули 2009

НАТАША ИЛИЕВСКА „МИС МАВАШИ„ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КОРДОБА!



Најдобрата македонска каратистка, Наташа Илиевска како низ шега но и со многу вистина, веќе се прераскажува низ гостите и учесниците на 4-тото Европско Универзитетско Првенство како „мис маваши„ , благодарение на нејзината претстава на врвно, атрактивно и спектакуларно карате во финалниот натпревар.

Финалниот натпревар против домашната репрезентативка Амадор, беше борба во која Наташа на ова првенство се претстави со разновидност од прецизни удари, формирани во акции од кои противничката не можеше воопшто да дојде ниту „до здив„ . 8:0 пред истекот на последните 50 секунди од борбата, кажуваат се. Тоа беше пример каков ретко се гледа на татамите, а посебно не во финале. Ако претходните натпревари изобилуваа со повеќе тактика и помалку акции, Наташа Илиевска како да сакаше во Шпанија да покаже зошто и пред неколку месеци во Хрватска дојде до истата скала, но за влакно и избега таму златниот медал. Овојпат тоа беше надминато. Без калкулации, со исклучително активна и агресивна борба стигна до најголемиот историски успех за каратето во Македонија. Наташа Илиевска – пост дипломец на електротехничкиот факултет во Скопје, поставува веќе нови норми во македонскиот индивидуален спорт.

После Европското сребро, сега Европското Универзитетско злато се доказ за квалитетот кој допрва очекуваме дека ќе се вивне и во светски рамки.

петок, 17 јули 2009

НАТАША ИЛИЕВСКА УШТЕ ЕДНАШ „ГАЗИ„ НИЗ ЕВРОПА!



Најдобрата македонска каратистка Наташа Илиевска уште еднаш потврди во Европа дека е во самиот врв на овој спорт. На 4-тото универзитетско Светско Првенство во Кордоба, денеска стигна до финалето кое ќе се одигра вечерва во 18.30 часот.

Во првото коло беше слободна. Во второто коло ја победи Тања Рибеиро од Андора со резултат 4:0. Третото кое беше уште поголема потврда на нејзиниот квалитет извојува победа над словачката натпреварувачка Јана Војтикевичова со резултат од 7:0. Во четвртото коло, кое беше и полуфинале веќе неможеше да ја сопре ниту домашната натпреварувачка Алба Естеве која ја победи со 5:1.

Вечерва финалето е чекор кој Наташа Илиевска веројатно ќе го исчекори со една скала погоре од најголемиот успех кој го направи пред неколку месеци на Европското Првенство во Хрватска. Амадор од Шпанија е противничката која треба да се победи и македонското карате да добие уште еден нов рекорд и уште еден доказ за квалитетот кој го поседуваат овие наши спортисти.

четврток, 16 јули 2009

СО ЧЕТИРИ УДАРИ ЈА ОСВОИЈА ЕВРОПА!


Со четири победи, против универзитетските репрезентации на умерените и многу активни баскијци, фаворитите Германија, претендентите за златото Англија и на крај во финалето со 3:0 против Шпанија, македонската репрезентација на Европското Универзитетско Првенство во Кордоба, го освои златниот медал! Најголем историски успех на македонското карате и воопшто во спортот во Македонија годинава.

МАВАШИ ЗА ФИНАЛЕ!


Фантастични натпревари против универзитетските репрезентациите на Баскија, Германија и Англија и само уште еден чекор до златото...репрезентацијата на Универзитетот од Шпанија. Само, уште еден удар . . . уште еден удар . . . еден удар . . . удар!

ВРЕМЕ Е ЗА МАКЕДОНСКОТО „ИНТЕЛЕКТУАЛНО„ ЏАКО !


Македонската карате репрезентација од денес се наоѓа во Кордоба, градот домаќин на 4-тото Европско Универзитетско Првенство. Македонските „карате интелектуалци„ ќе бидат претставени во кати и кумите во скоро сите категории, девојките со борби во спортистиките Наташа Илиевска, Мери Радичевска и Наташа Стефановска и кати со Сања Николиќ, додека во машките категории со спортистите кои неодамна го освоија третото место на Европскотот Првенство за Региони, во потполно ист состав – Томе Тодоровски, Богдан Мицов, Огне Груевски Жарко Арсовски, Иво Цветковски, Мартин Несторовски и Амир Беговиќ. Во кати ќе бидеме претставени со Марко Секуловски.

Фантастичната атмосфера во тимот ветува дека ќе оставиме трага и на ова европско натпреварување како и на двете претходни, прво на ЕП а малку подоцна и на ЕП за Региони...

недела, 7 јуни 2009

„МАКПЕТРОЛ„ СО МЕДАЛИ И ВО ВЕЛЕС


Карате клубот „Макпетрол„ на државниот турнир организиран од КФМ во Велес, си ги потврди зацртаните клупски планови и очекувања освојувајќи ги најголемиот број од медалите во најатарактивните категории.
Во Велес се заокружи еден циклус за овие категории кои го потврди квалитетот на клубот во национални рамки. Тоа е резултат на повеќемесечната работа на највисоко професионално ниво, од врвни и високо-квалитетни тренизи до клупските настапи на Европските Златни Лиги, искуство кое всушност ја прави разликата на националните првенства и турнири.
Децата кои освоија медали на овој турнир се одлична база и за репрезентативните успеси во иднината на македонското карате:

- Петар Заборски (злато екипно)
- Емануел Ристевски (злато екипно)
- Никола Димитријевиќ (екипно злато)
- Антонио Кокотовиќ (екипно злато)
- Леонид Симоновски (екипно злато)
- Ангела Мојсовска (екипно сребро)
- Моника Пендаровска (екипно сребро)
- Бригита Ѓелиќ (екипно сребро)
- Ружица Николова (екипно сребро)
- Теодора Стефановска (екипно сребро)

...и во поединечна конкуренција:

- Петар Заборски (злато)
- Илија Темовски (злато)
- Теодора Стефановска (злато)
- Емануел Ристевски (злато)
- Софија Веселиновска (сребро)
- Фросина Веселиновска (бронза)
- Аница Крстевска (бронза)
- Ангела Мојсовска (бронза)
- Никола Димитријевиќ (бронза)
- Антонио Кокотовиќ (бронза)
- Бригита Ѓелиќ (бронза)

Исто така карате клубот „Макпетрол„ освои бронза и во натпреварите во кати екипно.