петок, 17 јули 2009

НАТАША ИЛИЕВСКА УШТЕ ЕДНАШ „ГАЗИ„ НИЗ ЕВРОПА!



Најдобрата македонска каратистка Наташа Илиевска уште еднаш потврди во Европа дека е во самиот врв на овој спорт. На 4-тото универзитетско Светско Првенство во Кордоба, денеска стигна до финалето кое ќе се одигра вечерва во 18.30 часот.

Во првото коло беше слободна. Во второто коло ја победи Тања Рибеиро од Андора со резултат 4:0. Третото кое беше уште поголема потврда на нејзиниот квалитет извојува победа над словачката натпреварувачка Јана Војтикевичова со резултат од 7:0. Во четвртото коло, кое беше и полуфинале веќе неможеше да ја сопре ниту домашната натпреварувачка Алба Естеве која ја победи со 5:1.

Вечерва финалето е чекор кој Наташа Илиевска веројатно ќе го исчекори со една скала погоре од најголемиот успех кој го направи пред неколку месеци на Европското Првенство во Хрватска. Амадор од Шпанија е противничката која треба да се победи и македонското карате да добие уште еден нов рекорд и уште еден доказ за квалитетот кој го поседуваат овие наши спортисти.

Нема коментари: