сабота, 9 мај 2009 г.

НАТАША ИЛИЕВСКА ОД „МАКПЕТРОЛ„ ВИЦЕШАМПИОНКА НА ЕП ВО ХРВАТСКА

Во категоријата -55 кг во Кумите, Наташа Илиевска го освои сребрениот медал на Европското Првенство кое се одржува во Хрватска. До финалето стигна низ 4 борби. Ги елиминираше каратистките од Полска, Австрија, Германија и Романија. Во финалето загуби од домашната репрезентативка Ковачевиќ.

Со овој успех еден од најголемите за Македонија, каратистката на „Макпетрол„ ја смести нашата земја во врвот на европското карате.

Иво Цветковски, нашата најголема надеж (во категоријата -67), потфрли во второто коло (во првото беше слободен). Беше поразен од хрватот Лучиќ. Тодоровски (во категоријата -60) исто така загуби во својот прв натпревар од германецот Хејман.
Кај жените, Наташа Стефановска (во категоријата -61) загуби во првото коло од романката Ниту, слично како и Мери Ефремова (во категоријата -50) од репрезентативката на Чешка, Линхартова.

Лошо се претставија и ката тимовите на нашата репрезентација. Женскиот загуби во првото коло од Ката тимот на Србија, додека мажите исто така загубија во првото коло од фаворитите Италија, но бидејќи италијанците стигнаа до финале, на нашиот машки тим му се отвори шанса за бронзен медал во репасажот. Но и во репасажот, исто како и во првиот свој настап загубија, овојпат од репрезентацијата на Германија.

Нема коментари: