Првите резултати од ЕП во Хрватска не донесоа позитивни информации во Македонија, кои претставуваат лош старт на првиот ден.
Секуловски во кати загуби уште во второ коло од англичанецот Мотрам. Во првото коло беше подобар од швеѓанецот Мати.
Спирковска во кати поединечно загуби од швајцарката Санер во второ коло, а во првото беше слободна.
Огне Груевски, кој во првото коло беше слободен, во второ коло (во категоријата -84) го победи швеѓанецот Амегај, додека во третото коло губи од азербејџанецот Атајев, со што за малку му бега репасажот, бидејки азербејџанецот губи во полуфинале.
Жарко Арсовски губи во првиот натпревар, во второ коло (во категоријата +84) од гркот Маргаритопулос.
Ферат Корбулиќи, (слободен во првото коло) губи во првиот натпреварот од бугаринот Маринов и ја пропушта шансата во следното коло да се бори против Агаев, фаворитот во категоријата-75, кој веројатно ќе му обезбедеше и евентуален репасаж.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар