понеделник, 27 април 2009

ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО КАРАТЕ....

На државното првенство за Кадети и Јуниори кое се одржа викендов, Карате Клубот „Макпетрол„ ја потврди својата одлична форма и освои 4 златни, 4 сребрени и 5 бронзени медали.

„Макпетрол„ се потврдува секогаш дека има потенцијал и во својата база во категоријата Кумите, што е од посебно значење за каратето како еден од врвните спортови во Македонија.

Карате клубот „Макпетрол„ беше неприкосновен во следните категории:

Симона Заборска (злато, кадетки -47),
Кристина Крстевска (злато, кадетки + 54),
Мери Радичевска (злато, јуниорки до 21г. -53)
Моника Стефановска (злато,јуниорки до 21 г, + 60)

Овие „златни„ девојки, повеќе е од очигледно дека се иднината и на сениорските Кумите категории во македонскиот репрезентативен дрес.

Нивната „немилосрдност„ во борбите во Кавадарци, беше дополнета со уште 9 сјајни одличја на градите на борците од КК„Макпетрол„ , борци кои исто така ветуваат прекрасна иднина на македонското карате:

Софија Веселиновска (сребро, помлади кадетки-50),
Сара Радичевска (сребро, кадетки -47),
Емануел Ристевски (сребро,помалди кадети-63),
Спасе Илиевски (сребро, јуниори до 21 г. +78)
Александар Јаневски (бронза, јуниори до 21 г, - 78),
Марија Теодосијевска (бронза, јуниорки -59),
Наташа Стефановска (бронза,јуниорки до 21 г -60),
Мартин Томовски (бронза, јуниори -76)
Кристијан Цветковски (бронза,помлади кадети-70)

__________________________________________________

Емисијата „Време е за Маваши„ поддржана од Карате Клуб „Макпетрол„ слушајте ја Канал 4 спортско радио 107,4 секој четврток од 12.35, сабота 10.35 и вторник 12.35...

Нема коментари: