недела, 16 ноември 2008

МАКЕДОНИЈА БЕЗ МЕДАЛ...

Заврши СП во карате.
И последните денешни наши четири шанси, останаа без медали.
Ване Гонев( -70) загуби од французинот Херф со резултат 8:0.
Ферат Корбулиќи(-75), во првото коло беше слободен, во второто го победи естонецот со 2:0, во третото коло го победи натпреварувачот од Сирија Алсапсаби на продолжение со резултат 3:2, а во четвртото загуби од шпанецот Санчез, 4:0. Корбулиќи не влезе ни во репасаж.

Гоце Петров (-80) во првото коло го совлада индонезиецот Салим 4:2, во второто коло го победи повеќекратниот европски првак од Грција Пападопулос, 6:4. Во третото коло загуби 2:1 од натпреварувачот од Иран- Јодатглатхам. Подоцна и иранецот загуби со што и Гоце не успеа да се пласира во репасажните борби за подобар пласман. И во последната категорија на борби денеска, Жарко Арсовски го победи Карвалихо со резултат 4:0, потоа во второто коло загуби од црногорецот Цецуњанин со минимален резултат од 1:0. Штета што црногорецот потоа загуби од турчин а со тоа и Жарко ја загуби шансата за борбата во репасаж и медал.

Нема коментари: