среда, 12 ноември 2008 г.

И ФЕРАТ ЌЕ СТИГНЕ НА ВРЕМЕ ВО ТОКИО ...МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ КОМПЛЕТНА!

Утрово неколку чудни информации го предизвикаа мојот интерес.
Прво два различни списока на репрезентативци пласирани во само 4-5 часа.
Но тоа очигледно е избор на селекторот и важно е македонската карате репрезентација најдобро да се претстави на СП.
Но, другата информација која беше поттикната од акаунтот на Фејсбук на Ферат Курбулиќи, наметна едно друго прашање, зашто додека сите репрезентативци се веќе во Токио, одмараат и се прилагодуваат, тој е сеуште во Софија???


FACEBOOK

Today
Ferat trgna za tokio ostana u sofia pff... 9:52am




Побарав одговор во Федерацијата на неколку прашања, но како да разговарав со „снимена лента„


„Дали Ферат е во Токио?„ ... добив одговор Да...

„А зошто Ферат вели дека е во Софија и не е во Токио, барем во овој момент?„ ...исто така добив одговор дека, тоа не е точно...

...и тука беше завршен разговорот, со конкретните горенаведени одговори, повтрени по неколку пати... :-))) . (телефонскиот разговор беше реализиран во 12.55)


Нешто е чудно, но очигледно некој не сака да даде конкретен одговор.... (дали е вратен, дали нема пасош, дали нема виза, дали, дали, дали... ќе остане неодговорено...барем засега...)


П.С.

...неофицијален одговор за тоа зошто се разликувале списоците, на некој начин добив, бидејќи станува збор за технички избор... на некој начин и нормално... избор на селекторот...

...но, прашањето зошто во 9.52 утрово сеуште Ферат Корбулиќи е во Софија, тоа никој не сака да го одговори... !? ... само може да се претпостави дека веројатно и тоа е техничка грешка... !?...но барем нека се одговори...


И КОНЕЧНО ИНФОРМАЦИЈАТА ЗА ДОЦНЕЊЕТО НА ФЕРАТ КОРБУЛИЌИ Е ПОТВРДЕНА. СТАНУВА ЗБОР ЗА ПРОБЛЕМ СО ПАСОШОТ КОЈ Е ВЕЌЕ РЕШЕН (доволно за да го пропушти летот Софија - Москва, а потоа и Москва -Токио). ФЕРАТ Е ВЕЌЕ НА ПАТ ЗА ТОКИО И СЕ ОЧЕКУВА ДЕКА ЌЕ ПРИСТИГНЕ ПРЕД ЗАПОЧНУВАЊЕ НА БОРБИТЕ. КОЛКУ ТОА ЌЕ ВЛИЈАЕ НА НЕГОВИОТ НАСТАП, ОСТАНУВА ДА СОЧЕКАМЕ... ВО СЕКОЈ СЛУЧАЈ, ДРУГ ИЗБОР НЕМА И ДА СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ФЕРАТ ЌЕ УСПЕЕ ДА БЛЕСНЕ ОНАКА КАКО ШТО И СЕ ОЧЕКУВА ОД НЕГО... :-))) ...

... А НЕЈАСНО Е СЕУШТЕ ЗАШТО „ДЕВОЈКАТА ОД ФЕДЕРАЦИЈАТА„ (се претставува само како ИВАНА) ДЕНЕС УПОРНО ЈА КРИЕШЕ ОВАА ИНФОРМАЦИЈА И ЈА ПОВТОРУВАШЕ КАКО СНИМЕНА НА ЛЕНТА „ФЕРАТ Е ВО ТОКИО„
„ФЕРАТ Е ВО ТОКИО„ „ФЕРАТ Е ВО ТОКИО„... КОГА ТОА ЛЕСНО МОЖЕ ДА СЕ ПРОВЕРИ СО ЕДЕН КЛИК СО МАУСОТ... НО, ОЧИГЛЕДНО ДЕКА НЕКОЈ ОВДЕ СЕУШТЕ РАЗМИСЛУВА САМО „СО МОЛИВ И ЛАК ЗА НОКТИ„ ... :-))))

Нема коментари: