недела, 26 октомври 2008 г.

СЕПАК КОМПЛЕТНИ ВО ТОКИО?


Последните информации во контекст на претходниот пост, покажуваат дека сепак Македонија ќе биде во својот најсилен состав во Токио. Тоа значи, поединечно и тимски мажи кати и борби, поединечно и тимски жени, кати и борби. Оваа сеуште неофицијална информација може само да значи дека очекуваната бура, веројатно ќе стивне. Ако биде така, тоа покажува дека конечно и Федерацијата сфати (во координација со репрезентативните тренери и селекторот) дека не може да калкулира со неприкосновениот квалитет и ентузијазам на најдобрите каратисти и каратистки во кати и борби.

Нема коментари: