(Генерации со кои Македонија наскоро ќе се гордее,ако правилно вложува во нивниот труд,на сликата, од лево кон десно:
Ване Гонев - државен шампион,
Никола Димитријевиќ - македонската јуниорска надеж, трет на Балканот,
Иво Цветковски - каратист од светска класа, втор во Европа и трет во Свет
Кај јуниорите, скоро очекувано, но во сениорска конкуренција двете повреди на Ферат Курбуличи и Огнен Груевски фрлија сенка на фанастичните победи. Гоце Петров во финалето (против Огнен кој ја заработи повредата) во категоријата-80 освои злато, Богдан Мицов во категоријата -65 исто така освои злато, Жарко Арсовски со злато во „најтешката„ категорија и Сашко Патраклиев во категоријата -70, зема злато.
И во репрезентативен меч, како завршница на турнирот Македонската репрезентација ја победи репрезентацијата на БиХ (светски вицешампион) со 3:2 и 3:1.
Уште една потврда за моќта на македонските каратисти .

Нема коментари:
Објави коментар