среда, 12 ноември 2008

ПОСЛЕДНИ ИНФОРМАЦИИ...


Часовната разлика е + 8 часа од времето кое го гледате во моментов во Македонија.

Времето во Токио деновиве се очекува меѓу 16-19 с.Ц.

Настапуваат 97 земји.

Македонија има 12 настапи вкупно во машка и 7 вкупно во женска конкуренција.

Првиот настап Македонија го имаше со женскиот Ката Тим (Тамара Рибарска, Маја Гудеска и Сања Николиќ) против репрезентацијата на Франција, околу 13.30 часот по јапонско време, што би значело „во превод„ околу 5.30 утрово. Загубија со резултат 5:0. А во репасажот настапија против Бразил, и исто така загубија со резултат 4:1.

Екипно машката репрезентација во борби настапи против Костарика, и победи со 3:0. Утре настапуваат против Египет и ако победат, влегуваат во третотот коло против САД.

Исто така в петок, околу 8 часот наутро, ќе настапи Тамара Рибарска во женската Ката индивидуална конкуренција.

Нема коментари: